72-годишниот Вајнштајн е префрлен во болницата Белви од затворот на островот Рикерс во Њујорк вчера вечер.
Осудениот силувач пријавил болки во градите пред итно да биде пренесен во болница, објави ABC News.
„Вајнштајн беше итно пренесен во болница поради неколку медицински состојби“, изјавија неговите претставници Крег Ротфелд и Џуда Енгелмаер.
„Можеме да потврдиме дека Вајнштајн денеска беше подложен на процедура и операција на срцето, но не можеме да коментираме ништо повеќе од тоа.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата