logo
logo
logo

Холандија планира да го зголеми бројот на војници во своите вооружени сили

Vecer | 21.03.2025

Холандија планира да го зголеми бројот на војници во своите вооружени сили

Иако првичниот план на холандското Министерство за одбрана беше да го зголеми бројот на воени лица на 100.000, извори на кои се повикува порталот Nos.nl наведуваат дека желбата во Хаг е армијата да брои дури 200.000 припадници.

Според официјалните податоци, во Министерството за одбрана во моментов работат 74.000 професионални војници, цивили и резервисти.

Има околу 42 илјади професионални војници, од кои пет илјади жени.

Министерот за одбрана Хајс Тајман, според порталот NL Times, сака да го следи примерот на Шведска.

Во Шведска од 17-годишниците се бара да пополнат прашалник за нивните вештини, мотивација и афинитети кога станува збор за вооружените сили, по што шведската војска контактира со некои од нив, а учеството е доброволно.

Во Холандија, воената служба сè уште е формално задолжителна, иако ниту еден млад човек не е повикан да служи од 1997 година.

Министерот Тајман рече дека се уште не размислува за воен рок, но дека не ја исклучува можноста за воведување, како што вели, „невообичаени“ мерки.

„Доколку ситуацијата во светот се влоши, би можеле да размислиме, но сè уште не“, рече Тајман. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk