logo
logo
logo

Холандија ја повика ЕУ да ги означи јеменските Хути за терористичка организација

Vecer | 02.10.2025

Холандија ја повика ЕУ да ги означи јеменските Хути за терористичка организација

„Хутите долго време претставуваат сериозна закана за слободата на пловидба“, се вели во соопштението на холандското Министерство за надворешни работи, според „Тајмс оф Израел“.

Хутите започнаа серија напади врз бродови во Црвеното Море од ноември 2023 година, таргетирајќи бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел.

Јеменските бунтовници велат дека ги извршуваат нападите во солидарност со Палестинците во Појасот Газа. Неколку земји, вклучувајќи ги САД, Израел, Канада и Австралија, ги означија Хутите како терористичка организација, но не и ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk