Меѓу оние на кои им беше наредено да ги напуштат своите домови се и голем број познати личности како телевизиската легенда Опра Винфри и нејзиниот долгогодишен партнер Стедман Греам, нововенчаната пејачка Аријана Гранде и нејзиниот сопруг Далтон Гомез, фронтменот на Maroon 5, Адам Левин и неговата сопруга модел Бехати Принслу, ТВ презентерката Елен Деџенерис и нејзината сопруга актерка Портија де Роси и принцот Хари и војвотката Меган.
Наредбата за евакуација е издадена вчера во 16:45 часот по локално време, а жителите на Монтесито, заедница која се наоѓа во ридовите на јужниот дел на округот Санта Барбара и северозападниот дел на Лос Анџелес, мора да ги напуштат своите домови. Врнежите во Калифорнија го зголемуваат ризикот од лизгање на кал.
Деџенерис објави видео на Твитер во кое покажува колку е опасна ситуацијата во и околу Монтесито. "Потокот до нашиот дом никогаш не се прелева, никогаш. Се издигна близу три метри. Мораме да бидеме пољубезни кон мајката природа бидејќи тогаш таа не е задоволна со нас во моментов", рече ТВ водителката, додавајќи дека локалните власти сепак ѝ рекле дека може да остане во сопствениот дом бидејќи е на поголема надморска височина.
Montecito is under mandatory evacuation. We are on higher ground so they asked us to shelter in place. Please stay safe everyone. pic.twitter.com/7dv5wfNSzG
— Ellen DeGeneres (@EllenDeGeneres) January 9, 2023
Според Националната хидрометеоролошка служба на Соединетите држави, поплавите опасни по живот може да ги погодат потоците и реките, урбаните средини, автопатите, улиците и подвозниците.
Американскиот DHMZ објави дека 400 до 600 отсто повеќе дожд од вообичаено паднал низ Калифорнија во текот на изминатите неколку недели. Повеќе од 220 илјади жители на Калифорнија во моментов се без струја. Временската прогноза за денеска вели дека дождовите што ќе паѓаат во Калифорнија ќе бидат „обилни и претерани“, а се најавува дека брзината на ветерот што ќе дува таму ќе достигне 64 километри на час. Дејли Мејл пишува дека во понеделникот во Монтесито наврнале 35 сантиметри дожд, а во вторник ќе наврнат дополнителни 17 сантиметри.
Montecito 93108 California. Monday 9 January 2023 @ 13.00. Reminder.. Don’t buy a house in a flooded area.. pic.twitter.com/MdXVkJ4y8r
— Olivier Leclercq 🇫🇷🪂🛩️🇺🇸 (@olivarius8208) January 9, 2023
Политичарката Џејми Меклод-Скинер (60) е исто така на списокот на жители на Монтесито кои мора да ги евакуираат своите домови, но таа рече дека во моментов не може да ги напушти бидејќи е опкружена со одрони од кал и надојдена река. Меклаод-Скинер рече дека се чувствува среќна затоа што живее на поголема надморска височина и се уште има струја.
Се проценува дека околу 10 илјади луѓе ќе го напуштат Монтесито и неговата околина. Форбс пишува дека засега не се знае кога евакуираните ќе можат да се вратат.
Си-Ен-Ен известува дека предупредувањата поради невремето што ја погоди Калифорнија погодиле приближно 90 отсто од жителите на таа сојузна држава или приближно 10 отсто од вкупното население на САД.
Дваесет и тројца жители на Монтесито загинаа пред пет години во одрон од кал што го погоди местото.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата