logo
logo
logo

Хаос на седница на австрискиот парламент- пратеник кажа забранет нацистички збор (ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2025

Хаос на седница на австрискиот парламент- пратеник кажа забранет нацистички збор (ВИДЕО)

Како дел од парламентарната дебата, Вурм во својот говор го употреби зборот „Умволкунг“ (повторно населување на етнички групи) - термин измислен во ерата на националсоцијализмот, што предизвика бура од негодување кај пратениците од другите парламентарни партии, објави Виена.

Пратеникот на Социјалдемократската партија (SPÖ), Каи Јан Крајнер, веднаш стана и побара од Валтер Розенкранц, претседател на Националниот совет на австрискиот парламент, исто така од крајно десничарската Партија на слободата (FPÖ), да го прекори својот партиски колега Вурм за наводна употреба на нацистички термин.

Уште поголемо негодување предизвика Розенкранц кој се преправаше дека не знае за што зборува, забележувајќи дека ќе го побара значењето во речникот „Дуден“.

Тој го стори тоа, но не можеше да каже ништо друго освен она што беше напишано таму за тој израз: „Употреба: Национал-социјалист“.

Резултатот беше врева, навреди и обвинувања, напуштање на салата и други непријатни сцени, што доведе до прекин на седницата.

„Овој инцидент е неприфатлив и покажува дека ФПО нема никакви сомнежи кога станува збор за десничарскиот екстремизам и непослушноста кон државата“, рече Нико Маркети од Народната партија (ÖVP), велејќи дека она што го направи претседателот на Националниот совет Розенкранц е „апсолутно неприфатливо“.

Со забелешка дека е прашање дали Розенкранц воопшто може да ја извршува оваа висока државна должност.

Пратеничката од Зелените, Зигрид Маурер, изјави дека „воопшто нема сомнение“ дека е употребен термин од националсоцијалистичкиот речник, барајќи Розенкранц да му упати остра опомена на Вурм.

Портпаролот на Зелените, Лукас Хамер, остро го критикуваше Вурм за „намерно користење на терминот Умволкунг во својот говор“.

Пратениците од сите парламентарни партии, освен оние од ФПО, побараа Вурм да ја повлече контроверзната формулација „Умволкунг“ позната од нацистичката ера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk