logo
logo
logo

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран

Vecer | 17.01.2026

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран

Хамнеи, во првата порака на Икс по 12 јануари, го обвини Трамп за „жртвите, штетите и клеветите изнесени против иранскиот народ“.

- Последните антирански немири беа поинакви бидејќи американскиот претседател лично се вмеша во нив, истакна Хамнеи.

Последните денови во Иран нема нови протести. Властите почнаа со процена на штети предизвикани за протестите, што почнаа на 28 декември минатата година. Според ирански податоци оштетени се 350 џамии, 126 молитвени сали, 80 домови на имами, 400 болници и стотици возила на итна помош.

За време на протестите беше блокиран пристапот до интернет. По прекин од 200 часа забележан е мал пораст на поврзаноста со интернет.

Според организациите за човекови права, за време на протестите загинаа 2.090 луѓе, од кои 2.885 демонстанти, додека иранската државна телевизија тврди дека загинати 300 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk