logo
logo
logo

Хамнеи: Израел е смртоносен канцероген тумор и мора да биде искоренет

Vecer | 17.05.2025

Хамнеи: Израел е смртоносен канцероген тумор и мора да биде искоренет

Според него, „изворот на корупцијата, војната и конфликтите во овој регион е ционистичкиот режим“ и дека тој мора да биде уништен.

-Без сомнение, во овој регион, изворот на корупција, војна и конфликт е ционистичкиот режим - опасен, смртоносен канцероген тумор во регионот - и тој мора да биде искоренет, и ќе биде искоренет, рече Хамнеи, јавија британските медиуми.

Ајатолахот, во истата изјава, одговори и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговите изјави за Иран за време на неговата посета на Заливот „не се достојни за одговор“.

Хамнеи го обвини Трамп дека лаже, посочувајќи дека американскиот претседател не ја кажува вистината кога рекол дека сака мир, додека за време на посетата тврдеше дека Иран мора брзо да одговори на предлогот на САД во врска со неговата нуклеарна програма или ќе следи „нешто многу лошо“./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk