logo
logo
logo

Хамас соопшти дека загинал заложник при неуспешен обид на ИДФ да ги ослободи киднапираните

Vecer | 08.12.2023

Хамас соопшти дека загинал заложник при неуспешен обид на ИДФ да ги ослободи киднапираните

Израелските одбранбени сили (ИДФ), кои на крајот на октомври ослободија заробен војник во Газа и ја предводат офанзивата во Газа, чија цел е да ги врати преостанатите 138 заложници, не ги коментираше наводите на Хамас.

На апликацијата Телеграм, Бригадите Ал Касам, военото крило на Хамас, соопштија дека нивните борци откриле единица на израелските специјални сили која се обидела да ги спаси заложниците, по што ја нападнале и убиле и раниле неколку војници. Наведена е и локацијата на конфликтот. Военото крило на Хамас тврди дека заробениот израелски војник Саар Барух (25) бил убиен. 

На списокот за заложници објавен од Израел, Сахар Барух е наведен како 24-годишен студент кој бил киднапиран од неговиот стан на 7 октомври. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk