logo
logo
logo

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Vecer | 04.10.2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Хамас, исто така, ја потврди својата подготвеност веднаш да започне преговори преку медијатори за деталите од договорот.

Палестинската организација, исто така, изразува и подготвеност да се откаже од контролата врз Појасот Газа и да ја предаде администрацијата на политички независно палестинско тело, се посочува во соопштението.

Хамас смета дека оние аспекти од предлогот што се однесуваат на иднината на Појасот Газа и правата на Палестинците треба да се одлучат врз основа на „едногласен палестински став“ постигнат со други фракции и врз основа на меѓународното право.

Во соопштението не се споменува разоружувањето на Хамас, клучно израелско барање вклучено во предлогот на Трамп.

Соопштението дојде неколку часа откако Трамп му даде ултиматум на Хамас: или да се согласи на договор до недела на полноќ или да се соочи со уште моќен воен напад.

Одговорот на Хамас веќе е доставен до Белата куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk