logo
logo
logo

Хамас: Постигнат е договор со Виткоф за прелиминарен договор за прекин на огнот со Израел

Vecer | 28.05.2025

Хамас: Постигнат е договор со Виткоф за прелиминарен договор за прекин на огнот со Израел

Хамас во соопштението наведува дека рамката на договорот,  ќе обезбеди „траен прекин на огнот“, целосно повлекување на израелските сили од Газа, слободен влез на хуманитарна помош, како и комитет на независни палестински технократи кои ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се вели дека договорот ќе вклучува ослободување на десет живи израелски заложници, заедно со неодреден број тела на убиените заложници, во замена за „договорен број палестински затвореници, гарантиран од медијатори“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk