logo
logo
logo

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во Кан Јунис

Vecer | 01.02.2025

Хамас ослободи уште двајца израелски заложници во Кан Јунис

Израелската армија соопшти дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас им ги предал заложниците Јарден Бибас и Офер Калдерон.

„Тајмс од Израел “ пренесе дека Црвениот крст сега заложниците треба да ги донесе кај припадниците на ИДФ и силите на Шин Бет во Појасот Газа и потоа двајцата да бидат спроведени надвор од палестинската енклава.

Претставник на израелската безбедност денеска за израелските медиуми изјави дека ослободувањето на тројцата израелски заложници се очекува да започне во 8:30 часот по локално време.

Тројцата заложници кои Ханас ќе ги ослободи се Офер Калдерон (54), Кит Сигел (65) и Јарден Бибас (35), пишува „Тајмс оф Израел“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk