„Џезот е роден од борбата и инсистирањето на слобода на мислата и изразувањето. Оваа историја сè уште нè обликува“, соопшти ансамблот.
Ричард Гренел, долгогодишен сојузник на Трамп и актуелен претседател на Центарот, ги опиша бојкотите како „политички трик“ и плод на уметници ангажирани од претходното раководство. Листата на откажувања расте откако управниот одбор, пополнет со поддржувачи на Трамп, одлучи институцијата да се вика Меморијален центар за изведувачки уметности „Доналд Џ. Трамп и Џон Ф. Кенеди“.
Демократите ја нарекоа одлуката незаконска, додека семејството Кенеди го осуди потегот како поткопување на наследството на убиениот претседател. Критичарите тврдат дека Трамп сака да ги компромитира институциите со поставување лојалисти, додека тој вели дека се бори против „либералната пристрасност“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата