-Овие притисоци не се само кинетички, не се само воена сила, туку тие мора да бидат и економски и дипломатски, рече Келог на средбата со иранската опозициска група Национален совет за отпор на Иран (НЦРИ) во Париз, пренесуваат британските медиуми.
Келог изјави дека постои можност Иран да се промени на подобро, но дека оваа можност „нема да трае вечно“.
-Мораме да ја искористиме слабоста што ја гледаме сега. Има надеж, мора да има акција, нагласи тој.
Западните медиуми пренесуваат дека не е познато дали Келог ќе го искористи своето патување во Париз за да се сретне со француските претставници за да разговараат за Украина.
Британските медиуми пренесуваат дека француското претседателство, Министерството за надворешни работи и тимот за транзиција на Трамп не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Трамп во кампањата вети дека ќе се врати на политиката што ја водеше во неговиот претходен мандат, која работеше на уништување на иранската економија со цел да ја принуди земјата да преговара за нејзината нуклеарна програма, програма за балистички ракети и регионални активности, додадоа британските медиуми./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата