logo
logo
logo

Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите

Vecer | 01.06.2025

Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите

- Наредив војската да продолжи да напредува во Газа против сите цели, без оглед на какви било преговори, и да ги користи сите потребни средства за заштита на војниците и за елиминирање и уништување на убијците од Хамас, истакна Кац.

Според него, или Хамас ќе ги ослободи заложниците, киднапирани за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година или ќе биде уништен.

Специјалниот претставник на САД за Блиски Исток, Стив Виткоф предложи 60-дневно примирје и ослободување на 28 од 58-те заложници што сè уште се држат во Појасот Газа, во замена за ослободување на 1.200 Палестинци од израелските затвори и непречен проток на хуманитарна помош до енклавата.

Американскиот предлог предвидува двете страни во конфликтот да се договорат за параметрите на делумно повлекување на израелските одбранбени сили од Појасот Газа за време на привременото прекин на огнот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk