logo
logo
logo

Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот

Vecer | 05.01.2025

Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот

Кац рече дека борците на Хезболах сè уште не се повлекле северно од реката Литани во јужен Либан, на околу 30 километри од границата со Израел.

„Доколку тој услов не биде исполнет, нема да има договор и Израел ќе биде принуден да дејствува еднострано за да обезбеди безбедно враќање на жителите на северот (од Израел) во нивните домови“, рече Кац.

Договорот за прекин на огнот стапи на сила на 27 ноември, два месеци по отворената војна меѓу Израел и Хезболах, кој od судирите излезе значително ослабен, а неговото раководство во голема мерка е уништено.

Според договорот, либанската армија и мировниците на ОН треба да бидат распоредени во јужен Либан, а израелската армија да се повлече во рок од 60 дена. Исто така, се предвидува дека Хезболах ќе се повлече на околу 30 километри од израелската граница.

Од почетокот на примирјето, двете страни меѓусебно се обвинуваат за постојано прекршување./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk