logo
logo
logo

Кац: Ајатолахот не може да продолжи да постои

Vecer | 19.06.2025

Кац: Ајатолахот не може да продолжи да постои

- Диктатор како Хамнеи, кој раководи со земја како Иран и има мисија да го уништи Израел, не може да продолжи да постои, наведе Кац.

Тој додаде дека израелската армија добила инструкции и знае како, „за да ги постигне сите свои цели“.

Хамнеи е најмоќен верски и политички авторитет во Иран повеќе од 30 години. Тој покрај големите овластувања во управувањето со државата, го предводи и тврдокорниот верски режим, кој ја презеде власта за време на Исламската револуција во 1979 година. По соборувањето на монархија формирана е теократска република. Оттогаш, Иран има само двајца врховни лидери, кои ги именува Советот на експерти, а титулата „ајатолах“ се однесува на висок верски претставник во шиитскиот ислам.

Хамнеи е и врховен командант на иранските вооружени сили, поради што е мета на Израел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk