logo
logo
logo

Катастрофа на аеродром: Авион удрил во возило, а потоа заедно одлетале во море; Има загинати (видео-фото)

Vecer | 20.10.2025

Катастрофа на аеродром: Авион удрил во возило, а потоа заедно одлетале во море; Има загинати (видео-фото)

Двајца припадници на обезбедувањето на аеродромот во Хонг Конг загинаа рано утрово кога товарен авион „Боинг 747“, кој полетал од Дубаи, се лизнал од пистата, удрил во нивното патролно возило и го турнал во морето, соопштија аеродромските власти.

Потоа авионот завршил во вода и делумно потонал, а сите четворица членови на екипажот успеале безбедно да се евакуираат, објави Ројтерс.

Еден обезбедувач починал на местото на настанот, додека друг им подлегнал на повредите во болница, изјави директорот за операции на Аеродромската управа во Хонг Конг, Стивен Ју.

Летот го управуваше турскиот карго превозник ACT Airlines во име на Emirates, а несреќата се случила околу 3:50 часот наутро по локално време (19:50 GMT).

Според официјалните лица, патролното возило се движело по дозволената патека надвор од оградата на пистата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk