logo
logo
logo

Катар: Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа

Vecer | 10.12.2023

Катар: Продолжуваат напорите за прекин на огнот во Газа

Посредувањето за постигнување примирје во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа продолжува и покрај постојаните израелски напади кои ја „намалуваат можноста“ за позитивен резултат, изјави денеска катарскиот премиер.

- Нашите напори, кои државата Катар ги вложува заедно со своите партнери, продолжуваат. Ние не се откажуваме од нив, посочи Мохамед бин Абделрахман ал Тани на Форум во Доха.

Тој потенцираше дека „продолжувањето на бомбардирањето ги намалува можностите“.

Војната започна по ненадејните напади на палестинските екстремисти, предводени од Хамас, на 7 октомври на југот на Израел, во кои беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени околу 240 заложници. Израелската војска соопшти дека 137 заложници се уште се држат во Газа.

Потоа Израел почна одмазнички напади и според податоците на Министерството за здравство во Газа, бројот на загинати од почетокот на војната надмина 17.700, каде најголем број се жени и деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk