logo
logo
logo

Картум трет ден по ред напаѓан со дронови

Vecer | 23.10.2025

Картум трет ден по ред напаѓан со дронови

Аеродромот во главниот град, што беше затворен две години и требаше вчера повторно да се отвори, од вторникот е цел на напади со беспилотни летала што им се припишуваат на паравоените Сили за брза поддршка – РСФ (RSF), кои се борат против армијата од април 2023 година.

Неговото повторно отворање, што беше закажано за вчера, е одложено „до следното известување“, изјавија аеродромските власти.

Иако изминатата пролет регуларната армија ја поврати контролата врз Картум, градот останува сериозно уништен, обележан со постојани прекини на електричната енергија и напади со беспилотни летала од страна на РСФ.

Во последните 10 месеци над  еден милион раселени лица се вратија во своите домови во Картум, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН.

Во последните недели, владата работеше на враќање на услугите, вклучително и на аеродромот, и на преместување на клучните институции од Порт Судан, пристаниште на Црвеното Море кое стана де факто главен град откако започна војната.

Во тригодишната граѓанска година војна во Судан досега загинаа десетици илјади лица, расели се речиси 12 милиони, а земјата се соочува со тоа што ОН го нарекува „најлошата хуманитарна криза во светот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk