logo
logo
logo

КАРДИНАЛИТЕ ГО ГЛЕДАЛЕ ОВОЈ ФИЛМ, за да видат како изгледа: „Неверојатно ТОЧЕН“

Vecer | 07.05.2025

КАРДИНАЛИТЕ ГО ГЛЕДАЛЕ ОВОЈ ФИЛМ, за да видат како изгледа: „Неверојатно ТОЧЕН“

Соочени со многу таинствениот и сложен ритуал за избор на нов папа, некои католички кардинали побараале насоки од филмот „Конклава“ на Ралф Фајнс за да дознаат како би можело да се одвива сè, објави денес „Политико“.

„Некои го гледаа во кино“, изјави еден од високите свештеници за бриселскиот портал. Тој додаде дека филмот, во режија на Едвард Бергер, се смета за извонредно точен дури и од кардиналите, што, според него, го прави корисна алатка за истражување, особено во време кога толку многу учесници на конклавите имаат малку искуство со политиката и протоколот на Ватикан.

Повеќето од кардиналите кои се најдоа во Рим во неделите по смртта на папата Франциск беа назначени од покојниот папа и никогаш не доживеале конклав.

Филмот беше објавен четири месеци пред смртта на папата Франциск, на 21 април. Конклавата за избор на 267-миот поглавар на Римокатоличката црква ќе започне утре во Ватикан, а 133-те кардинални електори денес влегоа во своите простории во резиденцијата Санта Марта.

Папата Франциск беше избран на конклава во 2013 година по два дена гласање, а почина на 21 април на 89-годишна возраст и беше погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk