logo
logo
logo

Карабиниерите во Рим запленија 200 килограми кокаин, вреден 16 милиони евра- уапсен е Албанец

Vecer | 13.10.2025

Карабиниерите во Рим запленија 200 килограми кокаин, вреден 16 милиони евра- уапсен е Албанец

Карабињерите пронајдоа осум вреќи со дрога, пиштол и 30.000 евра во готово во неговата куќа, објави Анса.

Полицијата го забележа сомнителното однесување на 22-годишен Албанец кој се шетал по улицата, а по претресот кај него е пронајдена голема сума пари.

Потоа карабињерите ја претресоа неговата куќа, каде што пронајдоа осум кеси со кокаин, поделени во 191 блок, кои можат да се користат за правење 8.000 индивидуални дози во кеси.

Вредноста на дрогата се проценува на 16 милиони евра, кои организираниот криминал во Рим би ги користел за финансирање на понатамошни нелегални активности на криминални групи, според Раи.

Во автомобилот на осомничениот Албанец е пронајден сложен систем за отворање на лажното дно под кое ја криел дрогата. По апсењето, тој е префрлен во затворот Ребибија во Рим, каде што чека судење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk