logo
logo
logo

Овие острови се седиште на нарко кланови од Балканот

Vecer | 26.08.2021

Овие острови се седиште на нарко кланови од Балканот

Криминалните кланови од Балканот ги користат Канарските Острови за да прошверцуваат кокаин во Европа, а според шпанските медиуми, тие купуваат килограм кокаин за 3.000 евра, а потоа го продаваат на Стариот континент за повеќе од 25.000 евра.

Според весникот „Леџо Тенерифе“, алармот бил активиран на почетокот на август, кога шпанската цивилна гарда уапсила четворица членови на црногорскиот измамнички клан со повеќе од 400 килограми кокаин и 400.000 евра во готово, но и конфискувала бројни кодирани телефони и луксузни автомобили.

Наводно, групата направила увоз на големи количини дрога складирана во остави, во луксузни имоти, лоцирани главно во Тенерифе, од каде што била дистрибуирана во помали количини во Европа.

Иако Министерството за внатрешни работи не го откри потеклото на наркотикот, за да не се загрози понатамошната операција, се смета дека е испратена од Јужна Америка од граѓани на некои балкански земји, пишуваат шпанските портали.

Некои од нив анализираат дека бројот на „криминални емисари“ од Црна Гора, Србија и Албанија во Јужна Америка, кои организираат пратки на кокаин до европските дестинации на нивните криминални ќелии, се зголемил во последните години.

Тие, како што пренесуваат медиумите биле задолжени лично да контактираат со локалните производители на наркотици за да обезбедат најдобра цена.

Албанскиот картел „Компанија Бело“, чиј лидер управува со операции од затворите во Еквадор, според шпанските медиуми се споменува како еден од најуспешните криминални кланови на тоа поле, а исто така е наведено дека албанските кланови доминираат во трговијата со кокаин во европските земји.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk