logo
logo
logo

Канада воведе нов пакет санкции против Русија

Vecer | 25.02.2025

Канада воведе нов пакет санкции против Русија

Санкциите се воведени на третата годишнина од почетокот на војната во Украина.

Меѓудругите, под канадски санкции се најдоа и внуката на претседателот на Русија Владимир Путин, заменик-министерот за одбрана Ана Цивилева, нејзиниот син од првиот брак Дмитриј Логинов и нејзиниот сопруг – министерот за енергетика, Сергеј Цивилев.

Од веб-страницата на канадската влада се дознава дека лицата и организациите од оваа листа го поддржуваат руското инвазиско дејствување во Украина, му помагаат на рускиот воено-индустриски комплекс, како и учествуваат во „незаконска депортација и присилното преселување на украински деца од привремено окупираните територии или придонесуваат кон напорите на Русија за ширење пропаганда со цел манипулација на јавното мислење“.

Санкции исто така беа воведени против Воздушно-космичките сили на Русија, Војската за радијациона, хемиска и биолошка заштита како и фондацијата „Ахмат Кадиров“, „Руската бакарна компанија“ (РМК), детскиот камп „Артек“, НВО „Дијалог“ и „Институто за развој на интернетот“, кои според тесктот на сенкциите, подржувале пропагандни проекти на Кремљ, вклучително и за војната во Украина.

Покрај тоа, санкциите ги погодија 109 бродови од „сивата флота“ на Русија, при што најстариот од нив е произведен во 1978 година.

Новите ограничувања се воведени со цел „да се задржи притисокот врз Русија“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо. Тој нагласи дека на листата се вклучени лица и организации кои „даваат поддршка на воено-индустриската база на Кремљ“.

Вчера, на тратата годишнина од војната, Велика Британија и Австралија ги воведија најголемите пакети санкции по почетокот на агресијата,  додека ЕУ го објави својот 16-ти пакет санкции против Москва. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk