logo
logo
logo

Калас: Западниот Балкан е дел од европското семејство, се надевам на вистински напредок

Vecer | 11.02.2025

Калас: Западниот Балкан е дел од европското семејство, се надевам на вистински напредок

Западниот Балкан е дел од европското семејство и затоа нашата безбедност е неодвоива и нашата соработка е од суштинско значење, порача високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, која вчера во Рим учествуваше на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан и на членките на групата “Пријатели на Западниот Балкан”. 

- Во Рим ја повлеков оваа заедничка безбедносна перспектива и нашата надеж за вистински напредок во проширувањето на ЕУ во следните пет години, врз основа на напредокот со реформите, наведе Калас во објава на Икс. 

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, која исто така учествуваше на средбата, порача дека повеќе од кога било, Западен Балкан треба да се приближи до ЕУ. 

- Силен фокус на заедничките безбедносни предизвици и забрзување на постепената интеграција врз основа на спроведувањето на реформите од земјите кандидати, наведе Кос на Икс. 

На средбата во Рим учествуваше и заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. 

Групата “Пријатели на Западниот Балкан” ја сочинуваат Австрија, Грција, Италија, Словачка, Словенија, Хрватска и Чешка. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk