logo
logo
logo

Калас: НАТО е најдобрата безбедносна гаранција за Украина

Vecer | 28.02.2025

Калас: НАТО е најдобрата безбедносна гаранција за Украина

Калас во Вашингтон изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка маса, додека Трамп директно ќе преговара со рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа француските медиуми.

„НАТО чадорот“ е единственото нешто што навистина функционира, единствената безбедносна гаранција што функционира, изјави поранешната естонска премиерка која е во посета на Вашингтон.

Трамп отфрли каква било можност Украина да се приклучи на НАТО, на што Москва исто така се спротивставува, и беше нејасен за безбедносните гаранции што САД би биле подготвени да и ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот по тригодишна руска инвазија.

Трамп алудираше дека желбата на Украина да влезе во НАТО е „веројатно причината поради која започна целата работа“ - војната со Русија.

Калас оцени дека „тие обвинувања се целосно погрешни“ и дека тоа е „руска реторика во која не треба да веруваме“, прашувајќи „зошто на Русија да и се даде тоа што го сака, над тоа што веќе го направи, а тоа е нападот на Украина, анексија и окупација на територијата“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk