logo
logo
logo

Каја Калас со одговор до САД: Европа има животен стандард на кој ѝ завидуваат

Vecer | 15.02.2026

Каја Калас со одговор до САД: Европа има животен стандард на кој ѝ завидуваат

Зборувајќи на последниот ден од Минхенската безбедносна конференција, Калас рече дека Европејците имаат „одличен животен стандард“ на кој луѓето ширум светот завидуваат. Како доказ за ова, таа ги презентираше резултатите од анкетата според која 40 проценти од Канаѓаните би сакале да се приклучат кон ЕУ.

Одговор на американските стратегии

Нејзините изјави се одговор на обвинувањата од новата американска стратегија за национална безбедност, во која се наведува дека Европа е во „цивилизациски пад“ поради миграцијата, културните и религиозните промени и намалувањето на стапката на наталитет. Во документот се вели дека Европа би можела да биде „непрепознатлива“ за дваесет години.

„Спротивно на она што некои го велат, Европа не е во цивилизациски пад“, рече Калас, додавајќи дека критикувањето на Европа станало модерно во некои политички кругови.

Поранешната естонска премиерка ги презентираше податоците според кои нејзината земја е втора по слобода на медиумите според индексот на Репортери без граници. „Интересно е што нè критикува земја која е на 58-мо место на таа листа“, рече Калас, осврнувајќи се на Соединетите Американски Држави.

Според најновиот индекс за 2025 година, САД се на 57-мо место на листата на земји предводени од Норвешка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk