Во 2022 година, седум отсто од вработените во ЕУ работеле прекувремено на нивната главна работа, обично 49 или повеќе часа неделно, објави денеска Евростат.
Над 30 отсто од самовработените работеле прекувремено, што е значително повеќе во споредба со категоријата вработени, во која четири отсто од луѓето работеле прекувремено, покажува истражувањето објавено по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.
Квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, 28 отсто од нив, како и менаџерите – 24 отсто, работеле многу повеќе прекувремено во споредба со сите други големи групи вработени, каде во просек помалку од осум отсто од вработените работеле прекувремено.
Најголем број на лица кои работат прекувремено е забележан во Грција - 13 отсто од вработените, а на второто и третото место се Франција и Кипар со по 10 отсто.
Вработените најмалку прекувремено работеле во Бугарија, Литванија и Латвија - по еден процент.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата