logo
logo
logo

Јужнокорејското обвинителство бара апсење на поранешниот претседател Јун

Vecer | 06.07.2025

Јужнокорејското обвинителство бара апсење на поранешниот претседател Јун

- Барањето за притвор е поврзано со наводи за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата, се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство, кое ги истражува настаните од 3 декември минатата година.

Јун на 3 декември, за време на жесток спор во Парламентот за државниот буџет, прогласи воена состојба, што по шест часа беше поништена од пратениците. Мерката предизвика сериозна политичка криза во Јужна Кореја.

Јун  подоцна беше отповикан, а на Уставниот суд на 4 април официјално го отстрани од функцијата.

Ако 64-годишниот Јун биде осуден се соочува со доживотна затворска казна, а можна е и смртна казна, иако во Јужна Кореја не е извршена егзекуција од 90-тите години на минатиот век. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk