logo
logo
logo

Јужнокорејскиот претседател Ли побара помош од Пекинг во напорите за продолжување на преговорите со Пјонгјанг

Vecer | 01.11.2025

Јужнокорејскиот претседател Ли побара помош од Пекинг во напорите за продолжување на преговорите со Пјонгјанг

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска му рече на својот јужнокорејски колега Ли Џае Мјунг дека е подготвен да ја прошири соработката меѓу двете земји и заеднички да се справат со предизвиците, додека Ли побара помош од Пекинг во напорите за продолжување на преговорите со соседната Северна Кореја, која поседува нуклеарно оружје.

Ли се сретна со Си по самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужнокорејскиот град Гјонгџу, што е воедно и прва посета на Си на сојузникот на САД по 11 години.

- Пекинг им придава големо значење на односите со Сеул и ја гледа Јужна Кореја како неизоставен кооперативен партнер, рече Си пред средбата меѓу двајцата лидери, објави канцеларијата на јужнокорејскиот претседател во соопштение за медиумите.

Ли, избран на предвремени избори во јуни, вети дека ќе ги зајакне врските со својот сојузник САД без да ја антагонизира Кина. Тој, исто така, се обидува да ги намали тензиите со Северна Кореја.

- Многу сум оптимист во врска со ситуацијата во која се утврдени условите за комуникација со Северна Кореја, рече Ли, осврнувајќи се на неодамнешните преговори на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја.

Тој изрази надеж дека Јужна Кореја и Кина ќе ги искористат овие поволни услови за зајакнување на стратешката комуникација со цел да се продолжи дијалогот со Северна Кореја.

Ли повика на пристап кон денуклеаризацијата на Северна Кореја, кој би се одвивал во повеќе фази, а би почнал со отворање на комуникациите и замрзнување на понатамошниот развој на нуклеарното оружје. Пјонгјанг, воениот и економски сојузник на Кина, денеска ја отфрли програмата за денуклеаризација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk