logo
logo
logo

Јужна Кореја изразува загриженост и жалење за притворањето работници на Хјундаи во САД

Vecer | 06.09.2025

Јужна Кореја изразува загриженост и жалење за притворањето работници на Хјундаи во САД

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изрази „загриженост и жалење“ поради притворањето стотици работници во фабриката на Хјундаи во американската држава Џорџија во рамките на акцијата против нелегалната имиграција. Американскиот претседател подоцна ги нарече уапсените - „нелегални странци“.

„Економските активности на нашите компании што инвестираат во САД и правата и интересите на нашите граѓани не треба да бидат неправедно прекршени“, изјави портпаролот на министерството на брифинг.

„Преку Амбасадата на САД во Сеул ја изразивме нашата загриженост и жалење“.

Вчера беше објавено дека американските имиграциски власти извршиле рација во фабриката за електрични возила на Хјундаи во државата Џорџија во четвртокот, при што биле приведени вкупно 475 лица, „претежно“ Јужнокорејци.

Според властите во Џорџија, операцијата е спроведена врз основа на обвинувања за „нелегални практики на вработување и сериозни кривични дела против федералните закони“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk