logo
logo
logo

Јермак по оставката најавил заминување на фронтот

Vecer | 29.11.2025

Јермак по оставката најавил заминување на фронтот

Поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, според пишувањето на „Њујорк пост“, за прв пат по неговата контроверзна оставка проговорил за западните медиуми и тоа во порака во која, како што се опишува, ги споил огорчувањето, разочарувањето и најавата за заминување на фронтот.

Јермак се нарекол себеси чесен и пристоен човек, нагласувајќи дека е подготвен да издржи каква било репресија.

„Бев навреден, а моето достоинство не беше заштитено, наспроти тоа што сум во Киев од 24 февруари 2022 година“, посочил тој во порака до редакцијата. Пораката што најмногу одекнала потоа била: „Не сакам да му предизвикувам проблеми на Зеленски, одам на фронтот. Можеби повторно ќе се видиме.“

Тој не навел кога планира да се врати на линијата на фронтот, ниту во кое својство, со извинување доколку не биде достапен во иднина.

„Згрозен сум од нечистотијата што е истурена во моја насока, а уште повеќе сум згрозен од недостигот на поддршка од оние кои ја знаат вистината“, истакнал Јермак. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk