logo
logo
logo

Јеменските Хути упаднале во канцеларии на ОН во Сана и привеле вработени

Vecer | 31.08.2025

Јеменските Хути упаднале во канцеларии на ОН во Сана и привеле вработени

Вооружени лица поврзани со Хутите влегле во канцелариите на Светската програма за храна (ВФП) и Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во градот контролиран од бунтовниците, изјави за ДПА извор близок до вработените во агенциите, под услов да остане анонимен.

Вооружените лица уапсиле околу седум вработени во ВФП и тројца вработени во УНИЦЕФ и ги однеле на непозната локација, информирал изворот.

Мотивот за киднапирањата сè уште не е јасен. Засега нема коментар од Хутите или од ОН.

Ова доаѓа еден ден откако милицијата соопшти дека нејзиниот премиер и неколку министри биле убиени во израелски воздушен напад во Сана во четвртокот.

Владата на Хутите не е меѓународно призната.

Хутите претходно киднапираа вработени во ОН, обвинувајќи ги за шпионирање за САД. Според информациите на ОН, 23 хуманитарни работници сè уште биле во притвор заклучно со март. Некои од нив се држат повеќе од три години.

Јемен е погоден од борба за власт од 2014 година меѓу владините сили, поддржани од коалиција предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути, кои се поддржани од Иран.

ОН го сметаат конфликтот за хуманитарна катастрофа што тешко ја погоди инфраструктурата во сиромашната земја. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk