logo
logo
logo

Жестоката пофалба на Џеб Буш за Трамп по нападот врз Иран

Vecer | 24.06.2025

Жестоката пофалба на Џеб Буш за Трамп по нападот врз Иран

Џеб Буш го пофали Трамп по нападот врз Иран

Претседателот Доналд Трамп во вторникот објави неочекувана пофалба од еден од неговите долгогодишни противници, поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, кој го пофали Трамп за одлуката да ги бомбардира иранските нуклеарни постројки.

„Благодарам на Џеб Буш — навистина го ценам тоа!“, напиша Трамп на Truth Social, споделувајќи слики од изјавата на Буш.

Буш, кој разменуваше сериозни напади со Трамп како ривали на предизборите за Републиканската партија во 2016-та, го пофали Трамп што ја препознал заканата од иранската нуклеарна програма и делувал навреме.

Одлуката на претседателот Трамп да го неутрализира нуклеарниот програм на иранскиот режим е пресвртна точка. Ја потврдува американската сила, враќа одвраќање и испраќа недвосмислена порака до тираниите: ерата на неказнивост заврши. Таму каде што другите двоумеа, Трамп делуваше.

Се наведува во заедничката изјава на организацијата „Обединети против нуклеарен Иран“, која ја води Буш.

Изјавата дојде ден по наредбата на Трамп за успешен напад врз три ирански нуклеарни локации – Фордо, Натанз и Есфахан – нанесувајќи значителна штета и значително уназадувајќи ги нуклеарните капацитети на Иран.

Иран поседуваше залихи на ураниум збогатени до 60%, што не е доволно за производство на нуклеарно оружје, но со понатамошно збогатување би можело да претставува сериозна закана за Израел и САД.

Денес, светот е побезбеден, бидејќи Фордо повеќе не постои. Историјата ќе ги запомни многуте жени и мажи во американската војска, разузнавачките служби и економските санкциони тимови, кои работеле долго за да овозможат оваа пресвртница и да го уништат нуклеарниот програм на Иран. Им оддаваме почит и им благодариме.

Џеб Буш за придонесот на американските служби.

Други критичари од Републиканската партија исто така го пофалија успехот на Трамп во т.н. „Операција Полноќен Чекан“ против Иран, меѓу кои и поранешниот потпретседател Мајк Пенс, поранешната амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли и поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон.

Претседателот Трамп донесе вистинска одлука да распореди американски сили и да ги нападне нуклеарните локации во Иран. Треба да биде пофален за решителното лидерство. Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје.

Мајк Пенс преку мрежата X.

Одлично сработено.

Кратко и прецизно од Ники Хејли.

Многу демократски пратеници сметаат дека Конгресот требало да учествува во одлучувањето за нападот, обвинувајќи го Трамп за кршење на Уставот со тоа што одобрил воени дејства без согласност од Конгресот – иако таква пракса имале и поранешните претседатели Обама и Бајден. Пратеничката Александрија Окасио-Кортез дури и предложи дека ова би можело да биде основа за трето импичмент-постапка против Трамп.

Сепак, сенаторот Џон Фетерман не се согласи со своите колеги демократи.

За мене, тоа не е војна. Тоа беше многу ограничена воена интервенција, операцијата е завршена со тоа и толку. Не се работи за неуставност, туку едноставно за ограничено ангажирање.

Фетерман за Fox News.

Излегувајќи од ставовите на мнозинството во Републиканската партија, конгресменот Томас Меси ги нарече нападите на Трамп врз Иран неуставни и најави мерка за ограничување на воените овластувања на претседателот при делување во Иран. Доколку договорот за примирје меѓу Иран и Израел, кој го објави Трамп, навистина се одржи – Меси најави дека ќе ја повлече иницијативата.

Многу од поддржувачите на Трамп првично се спротивставија на воена интервенција во Иран, но по неговиот пристап кон нападите, ставовите им се променија.

Ко-основачот на Turning Point USA, Чарли Кирк, прво тврдеше дека прашањето со Иран ќе предизвика голем конфликт во движењето МАГА, но подоцна го нарече внатрешниот раздор преценет и изрази поддршка за операцијата.

И поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон, ја одобри операцијата, но предупреди дека САД не треба да изпратат копнени трупи ниту да се стремат кон промена на режимот во Иран.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk