Трагедијата се случи во градот Кумано, кога жена, бегајќи од цунамито во својот автомобил, падна од карпа.
Случаен минувач го видел автомобилот како паѓа од карпата и веднаш ја извести полицијата.
Жената била однесена во болница со срцев удар. Таа претрпела сериозна повреда на главата и починала во болница три часа подоцна.
Нејзиното семејство подоцна им открило на медиумите каква порака им испратила пред трагедијата.
„Го оставам автомобилот на високо место. Има зона за евакуација“, напиша таа во пораката.
Моќен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени што го погоди рускиот Далечен Исток предизвика цунами, а Јапонија и Хаваи наредија евакуација.
Земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Петропавловск на Камчатка, со првични извештаи за повредени, објавија руските медиуми.
Првиот бран цунами ги погоди Курилските острови, а цунами со висина од 3-4 метри го погоди полуостровот Камчатка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата