Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е лидер по снежни врнежи- секоја година во просек тука паѓаат 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, а тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што стануваат сè повисоки со секое чистење.
Освен Аомори, и Сапоро, најголемиот град на островот Хокаидо, се соочува со големи снежни наноси- во просек 4,85 метри снег годишно. Градот е познат и по зимскиот фестивал Јуки Мацури, каде се изложуваат монументални скулптури од снег и мраз.
Најмногу снег се бележи и во Тојами, на крајбрежјето на Јапонското Море - просечно 3,6 метри годишно. Метеоролозите објаснуваат дека обилните снежни врнежи се резултат на уникатната комбинација на клима, море и планини. Во некои периоди снегот паѓа со денови, без престан.
Јапонија достигнува и светски рекорд за најголема длабочина на снег. На планината Ибуки во февруари 1927 година паднале 11,82 метри снег - достигнување што останува несоборено речиси сто години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата