Британија и Јужна Кореја и натаму се двоумат – Иран од друга страна предупреди, секој обид на воен брод ќе биде бомбардиран – дотогаш уверува теснецот останува отворен за сите, освен за САД и Израел, но речиси никој и не поминува таму. Американскиот претседател пак порачува, засега нема услови за крај на војната. Отвори и сомнежи дека Ајатолахот Моџтаба Хамнеи можеби веќе е мртов, а во спротивно, му порача да се предаде.
-Можеби е мртов, досега го немаме видено во јавност, а други информации говорат дека е жив но тешко повреден. Но, ако е жив, може да направи една многу паметна работа, а тоа е да се предаде.
шефот на иранската дипломатија, пак тврди дека нема никаков проблем со новиот врховен лидер, кој на дневна основа ги обавувал своите должности. Станува збор за добро втемелен систем во општеството кој не зависи од смрт на било кој индивидуалец – порача Арагчи.
-Системот функционира, се е на свое место, па тие не би требало да се надеваат на било што ако му се случи на некој индивидуалец, бидејќи системот функционира, функционираше соодветно по атентатот на нашиот свет и врховен лидер, видовте дека ништо не се случи и дека се остана во редовна состојба и се и понатаму е под контрола. - Абас Арагчи – Министер за надворешни работи на Иран
Техеран продолжува да ракетира во регионот, Емиратите денеска пријавија шест жртви. Напади имаше и врз Израел, каде граѓаните велат дека сирените и експлозиите им станале секојдневие. Дел се надеваат дека наскоро ќе дојде мирот, други пак дека оваа војна неопходно ќе трае.
-Ова е војна на доброто против злото, евреите секогаш преовладуваат и го острануваат злото од светот, а единствен начин да се отстраните злото е да се бориш против него. Само посакувам да можам подобро да спијам, секогаш со едно уво отворено чекајќи ги сирените, имаме деца и внуци кои се понекогаш околу нас и очигледно сме загрижени да ги однесеме во засолништа навремено./ Сирените се на некој начин досадни, повеќето од времето не паѓаат ракети
Тргнете ги рацете од Иран, оваа војна не турка кон трета светска војна – е пораката која што се испрати од протестите предводени од ирански граѓани во Виена, со барање САД и Израел итно да ја запрат војната.
-Првото и најважно барање е дека оваа нелегална војна против Иран мора да запре и убивањето на луѓето од Иран мора да запре. Повеќе од 160 ученички беа убиени на првиот ден и ова продолжува и натаму. / Оваа војна е многу опасна, бидејќи ризикува да не вовлече во Трета светска војна, а ние не сакаме Трета светска војна, ова е агресија која е целосно против интернационалните закони./ Не можеш да победиш нација која е подготвена да умре за својата земја.
Во прашање се доведе и инволвираноста на Кина и Русија во конфликтот на Блискиот Исток и дали ја поддржуваат иранската воена стратегија со информации. Од Техеран одговорија дека постои блиска соработка на многу полиња, меѓу кои е и воената.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата