Беспомошната жена, која била избодена неколку пати од нејзиниот сопруг, се обидела да избега тропајќи на вратата на соседите. Кога ја отвориле вратата, сопругата едноставно се струполила.
Кога соседите отишле во нејзиниот стан, Мустафа сè уште го држел ножот во рацете. Едниот сосед едвај го совладал, додека другиот веднаш ја известил полицијата.
Фатма и Мустафа дошле од Мароко и живееле заедно во мал стан во Хепенхајм. Двојката има две деца и сè уште не е познато дали знаеле за семејната трагедија.
Германските медиуми објавуваат дека расправијата, а потоа и убиството се случиле затоа што Фатма сакала да се разведе од својот сопруг.
„Ја избодел неколку пати, слушнавме вресоци, а потоа истрчала од станот облеана со крв“, изјавил еден сосед за медиумите.
Фатма починала во амбулантно возило на пат кон болницата.
„Фатма беше толку грижлива жена, добра мајка. Не можам да верувам дека е мртва“, вели еден сосед.
Полицијата и обвинителството во Хепенхајм започнаа истрага за убиство. Мустафа е веднаш уапсен, а судија му одреди притвор поради сомнение за убиство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата