logo
logo
logo

Ја лажирал сопствената смрт за да избегне судење за силување дете, со години живеел под лажно име- осуден е

Vecer | 22.10.2025

Ја лажирал сопствената смрт за да избегне судење за силување дете, со години живеел под лажно име- осуден е

Николас Роси, 38, од американската држава Род Ајленд, е осуден на минимум пет години затвор за силување на две жени во северна Јута во 2008 година, објави Би-Би-Си.

Се очекува да добие втора казна во ноември, бидејќи се осудува за секое кривично дело одделно.

На сослушувањето во Јута, му беше изречена „неопределена казна“ бидејќи политиката на државата е да обезбеди опсег на години, а не фиксен број.

Затоа, неговиот последен датум на ослободување ќе го одреди државниот одбор за условна слобода и сепак може да биде осуден на доживотен затвор. Тој ќе започне со издржување на првата казна веднаш.

Роси, чие законско име е Николас Алахвердијан, првпат беше идентификуван како силувач во 2018 година кога беше подложен на ДНК тестирање за силување на десетгодишно дете.

Но, во февруари 2020 година, само неколку месеци откако беше обвинет во еден од случаите, на интернет беше објавен некролог во кој се тврдеше дека починал од не-Хочкинов лимфом.

Всушност, тој ја лажирал сопствената смрт и живеел во Бристол, во југозападна Англија, некое време пред тоа, но точниот датум кога избегал од Соединетите Држави во Велика Британија е непознат.

На крајот завршил во Шкотска, каде што живеел до декември 2021 година, кога бил уапсен во болница во Глазгов.

Додека бил во болница на лекување од коронавирус, персоналот ги препознал неговите впечатливи тетоважи и го пријавил кај властите.

Роси рекол дека фатиле погрешен човек, тврдејќи дека е ирско сираче по име Артур Најт.

Но, во ноември 2022 година, било откриено дека тој всушност бил Николас Роси и, по долга правна битка, конечно бил екстрадиран во САД во јануари минатата година.

На крајот било откриено дека со години користел лажни идентитети за да избегне затвор.

Кога се оженил со Британката Миранда Најт, го користел лажното име Артур Браун.

Обвинителот Брендон Симонс рече дека Николас користел силување за контрола на жените и дека претставувал закана за јавната безбедност.

Сепак, тој тврдеше дека е невин во текот на изрекувањето на пресудата.

„Не сум виновен за ова. Овие жени лажат“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk