logo
logo
logo

Израелците тврдат дека осуммина заложници од списокот за ослободување, се мртви

Vecer | 27.01.2025

Израелците тврдат дека осуммина заложници од списокот за ослободување, се мртви

„Семејствата се информирани за состојбата со нивните најблиски“, рече функционерот на прес-конференција. Тоа значи дека од 26-те заложници кои требаше да бидат ослободени во првата фаза, само 18 се живи.

Според договорот за прекин на огнот, во првата фаза од шест недели, почнувајќи од 19-ти јануари кога престанаа борбите, 33 заложници држени од Хамас во Појасот Газа требало да бидат ослободени во замена за повеќе од 1.900 палестински затвореници кои ги држи Израел.

Седум заложници веќе се вратија дома. Тие беа ослободени на 19 и 25 јануари. Менчер не ги соопшти имињата на загинатите заложници. Израел синоќа објави дека има долго баран список од Хамас за статусот на сите заложници, живи или мртви.

„Таа листа се совпаѓа со израелското разузнавање“, рече Менсер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk