Шахар Мор, внук на убиениот заложник Аврахам Мундер, во говор на англиски јазик го замоли Трамп „да престане да ја вооружува кампањата за одмазда во Газа“.
„Потребно ни е да се вратат заложниците. Поранешната администрација (САД) потфрли. Можете подобро“, рече Мор.
Омри Лифшиц, синот на двајцата заложници, исто така му се обратил на Трамп на англиски јазик и побарал „сега да ја прекине оваа војна“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Некои од насобраните запалија факели и огнови скандирајќи „сите сме заложници на крвавата влада“.
Трамп претходно вети дека една од главните задачи на неговата администрација ќе биде да ја прекине војната во Газа и му се закани на Хамас дека ќе ги ослободи израелските заложници, наведувајќи дека во спротивно „ќе има последици“. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата