logo
logo
logo

Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија

Vecer | 03.04.2025

Израелскиот премиер Нетанјаху пристигна во посета на Унгарија

Орбан го покани Нетанјаху, игнорирајќи го налогот за апсење на израелскиот лидер издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Добредојдовте во Будимпешта!, напиша на Фејсбук унгарскиот министер за одбрана Кристоф Шалај-Бобровниски. Тој синоќа го пречека Нетанјаху на аеродромот во главниот град на Унгарија.

Ова е прва посета на Нетанјаху на Европа од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. По воените почести во претседателската палата, Нетанјаху ќе биде пречекан од неговиот колега Орбан за разговори, по што двајцата ќе одржат прес-конференција.

На состанокот се очекува да се разговара за унгарската поддршка за планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Појасот Газа и да ги исели неговите жители.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk