logo
logo
logo

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

Vecer | 21.09.2025

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

Во објава на Х, тој побара целосно растурање на палестинската самоуправа, која ја нарече „терористичка власт“.

Бен-Гвир вели дека на следниот состанок на владата ќе предложи план за „проширување на (израелскиот) суверенитет“.

Ултрадесничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич, пак, напиша на X дека е завршено времето кога Велика Британија и другите земји ја одредуваа иднината на Израел.

- Британскиот мандат заврши, а единствениот одговор на овој антиизраелски чекор е да се прогласи суверенитет над териториите на претците на еврејскиот народ во Јудеја и Самарија и засекогаш да се отстрани од агендата глупавата идеја за палестинска држава, напиша Смотрич, користејќи го еврејсиот назив за Западниот Брег во Израел.

Обраќајќи му се на својот шеф, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тој напиша: „Дојде времето - во ваши раце е“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk