logo
logo
logo

Израел го заврши конфликтот со Иран, сега се фокусира на Газа

Vecer | 24.06.2025

Израел го заврши конфликтот со Иран, сега се фокусира на Газа

Израелската армија е задоволна од штетата што ѝ е нанесена на Иран во таканаречената „12-дневна војна“ и сега погледот повторно го насочува кон сузбивање на Хамас во Појасот Газа.

Од нападите на 7 октомври 2023 година, израелската армија дејствуваше на повеќе фронтови низ Блискиот Исток, претежно против ирански сојузници. Сега, официјалните лица најавуваат дека е при крај војната во Газа.

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, истакна дека војната со Иран е „феноменален успех“, но предупреди дека „има уште многу предизвици. Треба да останеме фокусирани, време за одмор нема.“

Ејал Замир, Израелска армија

Иако течат напори за прекин на огнот, Замир најавува дека Израел не ја прекинува целосно операцијата против Иран.

„Завршивме значајно поглавје, но кампањата против Иран не е готова. Влегуваме во нова фаза, во која ги надградуваме досегашните резултати. Го забавивме иранскиот нуклеарен проект за неколку години, а слично и неговата ракетна програма.“

Ејал Замир

Замир додаде и дека Израел сега повторно се фокусира на Газа, со цел да ги врати заложниците и да го сруши владеењето на Хамас.

Хамас сè уште пружа отпор на израелските напади во Газа. По неуспешниот прекин на огнот во јануари, кој пропадна во март, Израел во мај започна нова офанзива „Гидеонови Коли“. Иако Израел контролира голем дел од Појасот Газа, се соочува со тешкотии поради герилските напади и мрежата на тунели што ги користи Хамас.

Во израелската јавност расте притисокот да се повлечат војниците од Газа поради хуманитарните последици. Според проценките, во Газа се држат околу 50 заложници, од кои повеќето се сметаат за убиени.

Американскиот претседател Трамп ја објави договорената пауза меѓу Израел и Иран во понеделникот. По неколку прекршувања од двете страни, силна реакција од Трамп доведе до почитување на прекинот на огнот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk