logo
logo
logo

Израелската војска ја дигна во воздух седумкатната Палата на правдата во Газа (ВИДЕО)

Vecer | 05.12.2023

Израелската војска ја дигна во воздух седумкатната Палата на правдата во Газа (ВИДЕО)

Израелската армија објави видео на Платформата Х на кое се гледа моментот кога војниците ја разнесоа целата седумкатна зграда, која беше свечено отворена во 2018 година.

Радиото на израелската армија соопшти дека зградата се користела како судска зграда за палестинската група Хамас.

Изградбата на зградата била финансирана од Катар, а од нејзиното отворање со неа управуваат Министерството за правда и Врховниот суд со седиште во Газа.

Од 7 октомври израелската армија уништи повеќе од 100 владини згради. Хамас, кој владее со Појасот Газа од 2007 година, претходно најави дека израелските власти се обидуваат да ги уништат сите аспекти на животот во Газа, вклучително и здравствените и урбаните служби, како и други витални потреби за жителите на Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk