logo
logo
logo

Израелската полиција уапси три лица под сомнение дека ги предизвикале пожарите кај Ерусалим

Vecer | 30.04.2025

Израелската полиција уапси три лица под сомнение дека ги предизвикале пожарите кај Ерусалим

„Тајмс оф Израел“ наведува дека идентитетот на осомничените, како и нивниот мотив, сè уште не се познати.

Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека имало најмалку пет пожари во ридовите во близина на Ерусалим и дека неколку заедници биле евакуирани, додека еден пат бил затворен.

Канал 12 објави дека Италија и Грција испраќаат помош во Израел, а се очекува авионите да пристигнат за неколку часа.

Палестинската власт, исто така, понудила помош во форма на противпожарни екипи, што веќе се случило и во минатото, но Израел сè уште не одговорил на понудата, рекол безбедносен извор за „Тајмс оф Израел“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk