logo
logo
logo

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен кон Израел

Vecer | 18.05.2025

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен кон Израел

Британските медиуми наведуваат дека ИДФ веднаш алармирале за опасност од воздушен напад во неколку области од Израел, со активирање на сирените за предупредување за  ракетен напад од Јемен.

Јеменските бунтовници Хути продолжуваат да лансираат ракети кон Израел, како што велат, во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, иако ги прекинаа нападите врз американските бродови.

Како одговор на овие провокации Израел започна напади врз Јемен, вклучувајќи го и нападот на 6 мај во кој беше оштетен главниот аеродром во Сана и притоа беа убиени неколку лица./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk