logo
logo
logo

Израелската армија бомбардираше енергетски објект во Јемен

Vecer | 17.08.2025

Израелската армија бомбардираше енергетски објект во Јемен

„Израелската армија изврши напад на оддалеченост од околу 2.000 километри од Израел, во централниот дел на Јемен, таргетирајќи енергетска инфраструктура што ја користи терористичкиот режим на Хутите“, се наведува во соопштението на армијата. „Нападите се одговор на нападите што Хутите ги извршија врз Израел и неговите граѓани, вклучително и лансирање на ракети земја-земја и дронови“, се додава во соопштението.

Телевизијата Ал-Масира, контролирана од Хутите, исто така извести за напад врз електрана во Сана.

Хутите, поддржани од Иран, редовно изведуваат ракетни напади и напади со дронови врз Израел, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk