logo
logo
logo

Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

Vecer | 31.01.2025

Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници

Од затворениците кои ќе бидат ослободени, деветмина се осудени на доживотен затвор, додека 81 отслужуваат долгорочни казни, пренесе Ал Џазира.

Хамас, пак, објави имиња на тројца израелски заложници кои утре ќе бидат ослободени во рамки на примирјето со Израел.

Портпаролот на Хамас, Абу Обеида, на „Телеграм“ соопшти дека ослободените ќе бидат Офер Калдерон, Кит Сигел и Јарден Бибас.

Израелските власти потврдија дека го примиле списокот со имиња на тројцата заложници, нагласувајќи дека станува збор за мажи, објави „Тајмс оф Израел“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk