Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на социјалните мрежи наведоа дека „почнале бран напади од широк размер против инфраструктурата на иранскиот терористички режим низ Техеран“.
Во истата објава, војската исто така соопшти дека „почнала дополнителен бран напади врз терористичката инфраструктура на Хезболах во Бејрут“.
Неколку минути претходно, ИДФ соопшти дека идентификувала „ракети лансирани од Иран кон територијата на државата Израел“.
САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран по што Техеран лансира напади врз неколку земји на Блискиот Исток.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата