logo
logo
logo

Израел почна нов бран напади врз Иран

Vecer | 20.03.2026

Израел почна нов бран напади врз Иран

Израел денеска почна нов бран напади врз Иран, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп му порача да не ги повторува нападите врз енергетската инфраструктура на Иран, што доведе до ескалација на американско-израелската војна против Иран.

Во конфликтот загинаа илјадници луѓе, а тој се прошири во соседните земји и ја наруши светската економија откако САД и Израел почнаа со напади на 28 февруари и откако разговорите за нуклеарната програма на Техеран не доведоа до договор.

- Израелските одбранбени сили (ИДФ) штотуку започнаа бран напади врз инфраструктурата на иранскиот терористички режим во срцето на Техеран, изјави портпарол на Израелските одбранбени сили (ИДФ), но не даде детали.

Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати соопштија дека се соочуваат со ракетни напади рано изутринава по повеќедневните ирански напади врз регионалната енергетска инфраструктура кои ги вознемирија глобалните пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk